FACTORYDOCS – софтвер за следење на производството
FACTORYDOCS е софтвер за мали и средни производствени фирми: работни налози, операции, производство по смена, застои, шкарт и рокови на еден екран. Работи на компјутер и на телефон. Ние го поставуваме кај вас и ги пренесуваме вашите податоци, без потреба од информатичко знаење.
Работни налози од цртежи – со едно влечење
Повлечете ги цртежите на нарачката (PDF, DWG, DXF, STEP, SolidWorks, Inventor). FACTORYDOCS ги препознава шифрата и ревизијата од името на фајлот и креира еден работен налог со главниот цртеж, позициите и деловите, секој со своја количина.
Контрола на ревизии на цртежи
Кога ќе пристигне нова ревизија, старата автоматски станува неважечка и програмата покажува кој отворен налог работи по стар цртеж. Секој отпечатен цртеж има QR код: со телефон веднаш се гледа дали цртежот сè уште важи.
Следење на производството во живо
Добри и шкарт парчиња по операција и смена, преостаната количина, просек по ден и прогноза дали ќе се стигне рокот. Застои по машина со причина, времетраење и одговорно лице.
Прашања и одговори
Што е FACTORYDOCS?
Софтвер за следење на производството за мали и средни фирми: работни налози, операции, застои, шкарт, рокови, цртежи и документи за квалитет на едно место.
Дали треба информатичко знаење?
Не. Ние го поставуваме софтверот, ги пренесуваме вашите податоци и ги обучуваме вработените.
Дали има бесплатна проба?
Да, 30 дена бесплатно и без обврска. Јавете се на 071 255 827 или пишете на darko.nikolovski@machines-equipment.com.